На 05.05.2017 (петок) со почеток во 19:00 ве покануваме на отварањето на фотографска изложба на Симона Калица под наслов "UNXPECTD"/ "Неочекувано". Ќе бидат прикажани фотографии од секојдневниот живот на луѓето во Атина. Изложбата е направена за време на Mid-term EVS семинарот во Атина како дел од нејзиниот ЕВС проект во Грција. Изложбата е поддржана од СФЕРА Македонија и мезе барот Јагода и ќе трае до 10.05.2017Симона Калица е млад талентиран уметник, голем љубител на уметноста и сите скриени и необични нешта во неа. Студира правни студии, меѓутоа главно се занимава со фотографија.На почетокот, фотографијата за неа претставувало големо задоволство кое што сега се претворило во пасија. - Уживам во бои кои што ја прават фотографијата хармонична и богата, но самата монохроматска фотографија е визуелно поинтересна затоа што те тера да го гледаш светот поразлично од она што веќе е.„ Ти си го знаеш својот свет подобро од било кој друг, затоа претстави го! “

Expected number of participants:

200