Navigation path

Што е EDEN?

EDEN е акроним за Европски одлични дестинации (European Destinations of Excellence), што претставува проект со којшто се промовираат модели за одржлив развој во туризмот ширум целата Европска унија. Овој проект се основа на националните конкурси што се спроведуваат секоја година и резултираат со избор на туристичка „одлична дестинација“ за секоја земја-учесничка. Преку изборот на дестинациите, EDEN успешно ја остварува целта за насочување на вниманието кон вредностите, разноликоста и заедничките особини на Европските туристички дестинации. Тој ги прави новите европски дестинации повоочливи, создава платформа за споделување на добри искуства ширум Европа и ја промовира мрежната соработка меѓу наградените дестинации.

Оваа европска потрага по одличност во туризмот се развива околу една тема одредена на годишно ниво, која што се избира од Комисијата заедно со надлежните национални туристички органи. Оваа тема функционира како лајтмотив: главните теми на EDEN до сега беа: селскиот туризам, недопирливото наследство и заштитените области.

Клучната особина на избраните дестинации е нивната определба за општествена, културна и еколошка одржливост. Добитниците на наградите се нови, не толку познати европски дестинации лоцирани во 27 земји-членки и земји-кандидати. Проектот EDEN помага да се прошири искуството на одржливост коешто се користи во избраните дестинации ширум Унијата и овие места да се претворат во локации коишто ќе се посетуваат во текот на целата година. На тој начин, овој процес има за цел да го намали метежот во туристичките дестинации што се премногу посетувани.

Развојот на овој проект е поддржан од Европската комисија што го започна проектот во 2006 и сè уште игра координативна улога од суштествено значење. Нејзините задачи вклучуваат поттикнување на дијалог помеѓу заинтересираните страни, кофинансирање на постапките за изборот, организирање на церемонија за доделување на награди (во првите две години, за време на Европскиот форум за туризам), како и координација на опсежната информативна кампања.

Следниве материјали ќе Ви помогнат да го откриете EDEN.

 

Последно ажурирање: 23/05/2014 | Врв