Navigation path

Теми & дестинации на EDEN

Земји-учеснички во EDEN

Принципот на процесот ЕDEN е едноставен: секоја година, се избира по една тема од страна на Европската комисија, во тесна соработка со националните туристички органи, а потоа се избира по една дестинација од секоја земја-учесничка.

Секоја од избраните теми има за цел да ги нагласи различните аспекти на предностите на европските региони и е во врска со одржливиот развој на овој или оној начин, без оглед дали е тоа од гледна точка на културата, економијата, локалната вклученост или животната средина.

Дестинациите што земаат учество треба да покажат дека имаат развиено економски одржлив туризам врз основа на EDEN темата предвидена за секоја поединечна година. Темите за EDEN нудат можност да се покаже богатството на разноликоста што Европа може да го понуди, вклучувајќи ги нејзините природни богатства, историско наследство, традиционални прослави, локална гастрономија, и така натаму.

На овој начин, дестинациите што можат да се квалификуваат, односно, оние што се помалку познати и помалку прометни, се во можност да го истакнат она коешто ги прави единствени, но и да им покажат на туристите дека ги очекува едно неверојатно искуство. Победничките дестинации се оние што најдобро ја одразуваат одбраната тема за таа година и коишто нудат единствено туристичко искуство, во склад со принципите на одржливоста.

Можете да ја откриете Вашата EDEN дестинација според тема или според земја.

Теми на EDEN

Во првите 3 години од овој проект, селскиот туризам, недопирливото наследство и заштитените области беа клучните мотиви зад оваа европска потрага за одличност. Четвртиот циклус на проектот се фокусира на туризмот на вода.

Земји-учеснички во EDEN

Европа има мноштво скриени богатства и ние Ве покануваме да дојдете и да ги откриете, започнувајќи го Вашето патување од надлежната земја. Исто така, можете да дознаете повеќе за самата земја и за победничката дестинација, како и да погледнете фантастични слики коишто прикажуваат зошто овие дестинации се единствени.

Сите земји-членки и земји-кандидати се поканети да земат учество во иницијативата EDEN. Победничките дестинации се оние што најдобро ја одразуваат избраната тема на годината, во склад со одржливиот туризам. Овие дестинации се избираат на национално ниво во првата половина на годината, а потоа им се доделува награда на церемонија организирана од страна на Европската комисија во есен секоја година.

Досега, следниве земји земале учество во EDEN. Оваа година, пресреќни сме што можеме да им посакаме добредојде на Чешката Република, Холандија и Полска:

  • Белгија Deutsch (de) English (en) français (fr) Nederlands (nl)
  • България български (bg) English (en)
  • Чешка Република čeština (cs) English (en)
  • Естонија eesti keel (et) English (en)
  • Iceland English (en)
  • Ирска English (en) Gaeilge (ga)
  • Germany Deutsch (de) English (en)
  • Грција ελληνικά (el) English (en)
  • Шпанија English (en) español (es)
  • Франција English (en) français (fr)
  • Италија English (en) italiano (it)
  • Кипар ελληνικά (el) English (en)
  • Латвија English (en) latviešu valoda (lv)
  • Литванија English (en) lietuvių kalba (lt)
  • Луксембург Deutsch (de) English (en) français (fr)
  • Унгарија English (en) magyar (hu)
  • Малта English (en) Malti (mt)
  • Холандија English (en) Nederlands (nl)
  • Австрија Deutsch (de) English (en)
  • Полска English (en) polski (pl)
  • Portugal English (en) português (pt)
  • Романија English (en) română (ro)
  • Словенија English (en) slovenščina (sl)
  • Финска English (en) suomi (fi) svenska (sv)
  • Хрватска English (en) hrvatski (hr)
  • Турција English (en) Türkçe (tr)

 

Последно ажурирање: 16/09/2014 | Врв