Navigation path

2010 – Aquatic Tourism

Комисијата заедно со земјите-членки и земјите-кандидати ја издвоија темата за одличност во 2010 година, а тоа е „Туризам на вода“. Победничките дестинации ќе бидат наградени како „EDEN дестинација за својата одржлива туристичка понуда на вода“.

Оваа година потрагата е по оние туристички приморски, езерски или речни дестинации што промовираат иновативни пристапи за нивната туристичка понуда на вода, на таков начин што би се развила поквалитетна животна средина, би се решило сезонското прашање и повторно би се урамнотежил приливот на туристи од најпознатите и најпосетените туристички дестинации.

Повикот за предлози беше отворен од страна на Комисијата во февруари, и предлозите мора да се испратат до средината на април. Потоа, земјите-учеснички ќе имаат време до мај 2010 година да ја изберат победничката дестинација помеѓу дестинациите-кандидати. Победниците ќе бидат официјално наградени есента 2010 година.

Секоја дестинација мора да ги почитува следниве општи критериуми за наградување:

  1. да биде „нетрадиционална“ (посетеноста од страна на гостите да се движи од „ниска“ до „многу ниска“ во споредба со националниот просек);
  2. да е означена како приморска, езерска или речна туристичка дестинација според националните или регионалните регулативи;
  3. да управува со својата туристичка понуда на начин што би обезбедил нејзина општествена, културна и еколошка одржливост, при што управувањето претставува партнерство помеѓу органите одговорни за управување со дестинацијата и сите оние коишто се вклучени во туризмот во и околу таа област (на пр. даватели на туристички услуги, локални заедници).

Ќе бидат установени поспецифични критериуми на ниво на земјите-учеснички, при што би се водело сметка за специфичните карактеристики на нивните сопствени дестинации.

Контакт-имињата на националните раководители на проектот кои ќе управуваат со конкурсот во различните земји ќе бидат достапни на оваа страница во јуни.

За да добиете подобра претстава за новиот проект, можете да го погледнете нашиот повик за предлози што се објавува на интернет страницата на Генералниот директорат за Претпријатија и индустрија.

 

 


Austria
Croatia

Germany

Ireland

Czech Republic

Malta

Slovenia
Slovenija
Italy (EDEN website)  
(National Observatory for Tourism)
Последно ажурирање: 18/10/2012 | Врв