Navigation path

2009 – Tуризмот и заштитените области

Новата EDEN награда треба да се фокусира на промовирање на одржливиот туризам во заштитените области. Дестинации што можат да се квалификуваат се заштитени области и/или областите што се граничат со нив, кадешто постои развиен економски одржлив туристички производ, при што заштитената област се користи како предност, а истовремено се почитува и заштитената околина и се задоволуваат потребите на локалните жители и посетители.

Повикот за предлози беше отворен од страна на Комисијата во март, на кој одговорија 22 земји. Тие имаат време до мај 2009 година да ја изберат победничката дестинација помеѓу дестинациите-кандидати. Секоја дестинација мора да ги почитува следниве општи критериуми за наградување:

  1. да биде „нетрадиционална“ (посетеноста од страна на гостите да се движи од „ниска“ до „многу ниска“ во споредба со националниот просек);
  2. да се наоѓа во област што е дел од мрежата Natura 2000, или да е на друг начин прогласена за „заштитена област“ според националното или регионалното законодавство;
  3. да управува со својата туристичка понуда на начин што би обезбедил нејзина општествена, културна и еколошка одржливост, при што управувањето претставува партнерство помеѓу органите одговорни за управување со заштитената област и сите оние кои се вклучени во туризмот во и околу таа област (на пр. даватели на туристички услуги, локални заедници).

Ќе бидат установени поспецифични критериуми на ниво на земјите-учеснички, со цел да се води сметка за специфичните карактеристики на нивните сопствени дестинации.

Победниците ќе бидат официјално наградени и објавени во јавноста есента 2009 година.

Беа создадени национални интернет страници со цел да се промовира процесот EDEN.


Cyprus  

 

Последно ажурирање: 18/10/2012 | Врв