Navigation path

Како да учествувам

Како да учествувам

Секоја година, Европската комисија објавува еден повик за предлози за да им ја понуди својата поддршка на националните јавни администрации што се одговорни за туризмот во земјите-членки (по правило, тоа се националните министерства или други јавни органи што ги имаат истите задачи) за тие да учествуваат во проектот и да ја организираат постапката за национален избор. Учеството им е дозволено и на земјите-кандидати, но без финансиска помош. Меѓутоа, тие ќе ги искористат истите придобивки и промотивни активности на EDEN како и сите земји-членки во сите промотивни активности на EDEN.

Секоја земја што учествува во овој проект управува со својот сопствен процес на избор во првата половина од годината. Најпрво тие организираат информативна кампања за да ги известат сите можни кандидати за конкурсот и потоа ја избираат победничката дестинација врз основа на повеќе критериуми за наградување засновани и на европско и на национално ниво. Имињата на победниците обично се доставуваат до Комисијата пред летото.

Европската церемонија за доделување на наградите ја организира Европската комисија и се одржува во втората половина на годината.

Ако управувате со дестинација за која верувате дека заслужува признание за својата одличност, не двоумете се и стапете во контакт со организаторот (таканаречениот „Раководител на проект English (en) “) во администрацијата на Вашата земја. Исто така, достапен е и целосен список на контакт-лица за следниот конкурс.

Исто така, можете да добиете идеи врз основа на други примери за тоа како проектите биле применети во првата година во земјите што веќе земале учество, а тоа ја вклучува постапката за избор и промотивните активности (погледнете ја страната за примена). Текстовите и упатството за поднесување пријави од претходните повици се исто така објавени, кадешто можете да видите уште повеќе од она што било сторено во минатото.

Ве молиме земете во предвид дека повикот за предлози објавен од Европската комисија се однесува само за јавните администрации. Ако претставувате некоја локална дестинација и би сакале да се натпреварувате за да станете EDEN дестинација, морате да учествувате во националниот конкурс.

Последно ажурирање: 14/09/2014 | Врв