Navigation path

Збирка од добри искуства

Збирка од добри искуства

Иницијативата EDEN има за цел не само да ги направи позабележливи помалку познатите, но сепак одлични туристички дестинации, туку и да им помогне на професионалците и на заинтересираните локалитети да го искористат својот потенцијал до максимум и да реализираат туристички услуги во склад со принципите на одржлив развој.

Врз основа на искуството стекнато преку информациите добиени од наградените дестинации, Европската комисија им обезбедува на сите заинтересирани страни еден список со добри искуства на полето на одржливиот туризам.

Со следење на овие добри искуства, секако ќе го подобрите квалитетот на Вашата туристичка понуда. Исто така, можете да стапите во контакт со надлежните локални органи во победничките дестинации за да добиете повеќе детали и предлози и за да започнете со размената на своето искуство.

    Последно ажурирање: 17/11/2010 | Врв