Navigation path

Мрежа на EDEN

Проектот EDEN има за цел да создаде платформа за размена на добри искуства на европско ниво и за промовирање на мрежната соработка помеѓу дестинациите што се добитници на награди, убедувајќи ги на тој начин,и другите дестинации да усвојат модели за одржлив туристички развој.

Комисијата ги покани земјите-учеснички да работат на Акциониот план за мрежата на ЕDEN дестинациите за наредните години. Одредувањето на целите и стремежите ќе помогне да се создаде основа за активностите коишто треба да се спроведат во иднина.

Членови на мрежата

Првичните членови на мрежата се 30 победнички дестинации од првите два циклуса на проектот EDEN. Тие беа поканети да потпишат меморандум за разбирање – тоа е таканаречената „ Декларација за европскaта мрежа на одлични дестинации за одржлив туризам pdf - 17 KB [17 KB] English (en) “ – на 7 октомври 2008 година за време на Европскиот ден на туризмот English (en) во Брисел. Со потпишување на Декларацијата, членовите официјално се обврзаа да соработуваат едни со други и да гарантираат постојана размена на информации и знаење во врска со развојот на туризмот.

Другите дестинации, победници во идните циклуси или второпласираните во проектите EDEN, кои докажале дека заслужуваат признание за своите напори во промовирањето на одржливиот туризам за време на националните избори, ќе бидат поканети да се придружат на мрежата, следејќи ги показателите од страна на надлежните земји-учеснички.

Слики од некои членки на мрежата EDEN како ја потпишуваат Бриселската декларација за време на Европскиот ден на туризмот во 2008 година.

Слики од некои членки на мрежата EDEN како ја потпишуваат Бриселската декларација за време на Европскиот ден на туризмот во 2008 годинаСлики од некои членки на мрежата EDEN како ја потпишуваат Бриселската декларација за време на Европскиот ден на туризмот во 2008 годинаСлики од некои членки на мрежата EDEN како ја потпишуваат Бриселската декларација за време на Европскиот ден на туризмот во 2008 годинаСлики од некои членки на мрежата EDEN како ја потпишуваат Бриселската декларација за време на Европскиот ден на туризмот во 2008 година

Состаноци

Последно ажурирање: 21/12/2012 | Врв