Европска Агенција за Реконструкција
На патот кон Европа
Европската Агенција за Реконструкција е одговорна за раководење со главните програми за помош на Европската Унија во Република Србија (вклучувајќи го Косово, администрирано од страна на ООН), Република Црна Гора, и во поранешната југословенска Република Македонија.
Беше основана во февруари 2000 година со седиште во Солун и со оперативни центри во Приштина, Белград, Подгорица и Скопје. Како независна агенција на Европската Унија, одговорна е пред Советот на Европа и Европскиот Парламент, а е контролирана од Управен одбор составен од претставници на 27 земји членки на ЕУ и Европската Комисија.
Вкупната сума на новите ЕК фондови за помош доделени на Агенција за да раководи со нив во 2005 изнесуваат околу €282 милиони. Агенцијата сега раководи со вкупно портфолио од околу €2.6 милијарди низ сите четири оперативни центри.
Целите на новите програми финансирани од Европската Комисија а раководени од Агенцијата се: (1) поддршка за добро управување, градење на институции и владеење на правото; (2) продолжување со поддршката за развивање на пазарна економија, додека и понатаму се продолжува со инвестирање во критичната физичка инфраструктура и активности насочени кон животната средина; и (3) поддршка за социјалниот развој и зајакнување на граѓанското општество.
Агенцијата игра улога и во проширување на влијанието на Европската Унија во Србија, во Црна Гора и во поранешната југословенска Република Македонија. Ова е дел од ЕУ процесот за стабилизација и асоцијација кој е започнат во пет земји во Југоисточна Европа, вклучувајќи ги и Хрватска, Босна и Херцеговина и Албанија.
Друга помош финансирана од Европската Комисија која не е раководена од Агенцијата вклучува макро-финансиска, хуманитарна помош и помош за демократизација, помош за царина и фискално планирање, поддршка за програми за соработка во високото образование, регионални програми за Западен Балкан, исто како и билатерален придонес од страна на земјите членки на ЕУ.
Оперативниот центар на Агенцијата во Скопје дистрибуира материјали на Македонски јазик.
- Поранешна jугословенска Република Македонија